Два триумфи во три меча: Борусија ѝ пресуди на Херта (ВИДЕО)

Борусија Менхенгладбах има добар старт на сезоната, откако вечерва ја запиша втората победа и тоа против Херта (1-0) во третото коло од германската Бундеслига.

Единствениот гол на мечот го постигна Плеа во 34. минута од пенал, а шанса за зголемување на водството имаше Хофман, но не реализира удар од белата точка.

Борусија со седум бодови се наоѓа на првото место и има еден бод повеќе од Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, кои досега одиграа по два натпревари.