Два француски клубови изфрлени во понизок ранг

Поради финансиски проблеми членови на Лига 2 од наредната сезона нема да бидат Нанси и Сошо, кои се исфрлени во третата лига.

Двата тима минатата сезона и покрај големите проблеми со финансиите успеаа да го задржат статусот во втората лига.Нанси заврши на 14. позиција, а Сошо пак на 16. позиција. Меѓутоа, нив нема даги гледаме во Лига 2. Француската фудбалска федерација немаше милост и на крајот два тима ги испрати во понизок ранг.