Дуда му ги продлабочи маките на Нирнберг за опстанокот (ВИДЕО)

Берлинска Херта на крилата на Ондреј Дуда, кој постигна два гола во второто полувреме триумфираше на гостувањето на Нирнберг со 3-1 за да остане во игра за место во Европа, но и да ја намали предноста на четири бода на Реа Бул Лајпциг во трката за четвртото место во Лигата на шампионите.

Дуда даде два гола за 20 минути во првата половина од вториот дел, откако погоди во 50-та и 70-та минута и со тоа го завери триумфот, што го најави Босанецот Ведад Ибишевиќ со погодок во 15-та минута. Бехренс три минути пред полувремето му даде надеж на Нирнберг дека може да се избори за добар резултат, но домаќините потоа немаа решение за одличниот Дуда.

Херта со победата сега е седмопласирана, додека Нирнберг остана закован на дното со 11 бода, како еден од главните фаворити за испаѓање во Цвајта.