Дресот на Роналдо од Реал ќе стане дрес на Јуве - со црн селотејп! (ВИДЕО)

Многу навивачи на Реал Мадрид се налутија, откако Кристијано Роналдо реши да се пресели во Јувентус, а некои од нив одлучија да го следат и во новиот клуб, но за неговиот нов дрес ќе треба да потрошат голема сума на пари.

Сепак, на социјалните мрежи се појави интересно видео, на кое се објаснува како може стариот дрес на Роналдо од Реал Мадрид да се претвори во новиот на Јувентус.

На неговите навивачи нема да им треба многу време и пари, само доволно трпение и црн селотејп за „изработка“ на новиот дрес.