Дресот на Барди помеѓу најпродаваните во Леванте

Шпанскиот весник „Марка“ објави топ-листа на најпродавани дресови во секој од клубовите во Ла Лига. Македонскиот репрезентативец Енис Барди е меѓу тројцата кои продаваат најмногу дресови во екипата на Леванте. 

Според истражувањето на „Марка“, Моралес, Роџер и Енис Барди продаваат најмногу дресови во тимот од Валенсија. Нашиот репрезентативец ги освои срцата ан навивачите со фантастичните настапи минатата сезона, особено во последните неколку месеци, кога редовно постигнуваше голови од слободен удар. 

Во другите шпански прволигаши, интересно е тоа што Лука Модриќ го има најпродаваниот дрес на Реал Мадрид пред Марко Асенсио и Герет Бејл. Очекувано во Барселона дресот на Лионел Меси е најпродаван, а потоа следува оној на Филипе Кутињо, додека дресот на Андрес Иниеста и натаму е меѓу најпродаваните и покрај тоа што си замина од клубот.

Во таборот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман продава најмногу дресови, пред Диего Коста и Саул Нигез.