Дрекслер прв фаворит за заминување од ПСЖ

Првиот фудбалер кој ќе го напушти старо – новиот француски шампион ПСЖ по се изгледа е Јулиан Дракслер.

Тој имаше добри партии во дресот на „Светците“, но тие планираат нови засилувања летово и затоа тој ќе треба да си побара нова средина. Тренерот на ПСЖ Томас Тухел за медиумите кажа дека следната сезона сака уште посилен тим и затоа неговиот сонародник Дракслер ќе си замине.

Германскиот репрезентативец кажа дека е среќен во Париз, но и дека сака да се обиде во некој друг клуб. Според информациите, за својот фудбалер „светците“ ќе бараат  36 милиони евра.