Драмата конечно заврши: Бетис ја совлада Севилја пред празни трибини (ВИДЕО)

Бетис и Севилја денеска го доиграа својот натпревар, кој синоќа беше прекинат поради инцидент со навивачите, а на крајот славеше тимот на Бетис со 2-1 и се пласираше во четвртфинале на шпанскиот Куп.

Севилја водеше со голот на Папу Гомез од 35. минута, но само четири минути подоцна Бетис се врати во игра преку Набил Фекир.

Веднаш потоа почна драмата кога еден од навивачите со шипка погоди во глава еден од играчите на Севилја, а главниот судија го прекина натпреварот, кој се доигра денеска.

Домашниот тим во 73. минута успеа да дојде и до втор гол против лутиот ривал преку Каналес за победа од 2-1.