Драма: Братот на Марио Геце заврши во болница по страшен судир со ривал (ВИДЕО)

Братот на Марио Геце како некој да го проколнал бидејќи германскиот фудбалер Феликс Геце повторно доживеа сериозна повреда на главата.

Помладиот од браќата Геце пред два месеци имаше слична повреда кога заврши во болница, а сега се судри со напаѓачот на Дуисбург и загуби свет.

Голманот на Дуисбург, Лео Вајнкауф веднаш реагираше и му го спаси животот на Геце, кој потоа доби и медицинска помош, по што беше испратен во болница.