Довери го „помилува“ Интер, му прости чист црвен картон на Бисек (ВИДЕО)

Eкипата на Интер денеска многу потешко од очекуваното дојде до три бода со Верона (2-1), но во овој натпревар имаше и една спорна ситуација

Се играше 65. минута кога Верона тргна во контра која ја прекина Јан Бисек со прекршок кој го направи како последен фудбалер пред својот голман. Домаќините очекуваа Бисек да биде исклучен, меѓутоа на крајот Довери му додели само жолт картон.