Дортумунд не застанува: По Шулц и Азар денес потврди уште еден голем трансфер! (ФОТО)

Екипата на Борусија Дортмунд продолжува да ги воодушевува своите навивачи. Откако, синоќа ги потврдија Нико Шулц и Торган Азар, денес на ред дојде Џулијан Брант, кој зад себе има одлична сезона.

ПСЖ, Јувентус и Атлетико Мадрид беа заинтересирани за крилниот фудбалер, но тој на крајот одбра да потпише за Дортмунд.  Според германските медиуми „милионерите“ за германскиот репрезентативец исплатија 25 милиони евра колку што изнесуваше неговата откупна клаузула, додека пазарната вредност на фудбалерот е двојно поголема и таа изнесува 50 милиони евра.