Дортмунд за новиот тренер плати отштета, а севкупно ќе ги чини – 20 милиони евра

Веќе е познато дека Марко Розе ќе биде новиот тренер на германска Борусија Дортмунд од идната сезона, откако овој тренер, екс-кормилар на Ред Бул Салцбург ќе седне на клупата од 1 јули, па сега во германските медиуми протекоа детали од ангажманот на новиот кормилар.

Росе севкупно ќе ги чини „милионерите“ 20 милиони евра, пари од кои Дортмунд на Борусија Менхенгладбах ќе ѝ плати пет милиони евра отштета, а плус за тригодишен договор ќе одвојат 13,5 милиони евра или по 4,5 милиони годишно, а остатокот ќе бидат најразлично бонуси за тренерот.

Според информациите на „Билд“, Розе добил уверување дека норвешкото чудо од дете Ерлинг Браут Халанд ќе остане и во следната сезона и нема да биде продаден, без оглед на безбројните шпекулации дека ќе се пресели во некој поголем клуб, но клубот не може да му гарантира дека и Џејдон Санчо ќе остане, најмногу поради долгот што клубот го има од 70-на милиони евра, предизвикан и од финансиската криза поради пандемијата со коронавирус.

Од новиот тренер клубот побарал Розе да му наметне идентитет на тимот, да продолжи да развива млади фудбалери, а патем да игра офанзивен и напаѓачки фудбал, но нема информации дека се поставени (не)реални цели како освојување на титула или европски успех.