Дортмунд во проблеми - ќе игра без важен фудбалер против Тотнем

Германскиот фудбалер и прва ѕвезда на Борусија Дортмунд, Марко Ројс најверојатно нема да настапи во осминафиналето од Лигата на шампиони против Тотнем.

Ројс се повреди во дуелот против Вердер Бремен, па го напушти мечот на полувреме, а потоа поради повреда го пропушти мечот и против Хофенхајм.

„Наскоро ќе решиме, но не очекуваме магично враќање на теренот до среда“, кажа спортскиот директор на „милионерите“.

Ова е голем проблем за Дортмунд, кој останува без најдобриот стрелец во тимот. Ројс досега постигна 13 голови за германскиот тим.