Дортмунд сака да го ангажира внукот на Џерард!?

Борусија Дортмунд е лидер во германската Бундеслига по осум одиграни кола, а во последниот дуел беа подобри од Штутгарт со 4-0, а еден од најдобрите играчи беше младиот Џејдон Начо.

Младиот Англичанецот го купија од Манчестер сити минатата година за само осум милиони евра, а сега неговата цена се зголеми премногу.

Клубот од Дортмунд има намера да продолжи да ангажира млади играчи, па сега се заинтересирани за Фил Фоден, Боби Данкан и Калум Хадсон-Одои.

Младиот Данкан е напаѓач и еден од Англичаните кој најмногу ветува, а исто така легендарниот Стивен Џерард му е вујко.

Хадсон-Одои е исто така млад играч, кој покажа многу на подготвителните дуели на „сините“ пред почетокот на сезоната и нема сомнеж дека би можел наскоро да добие шанса.

Дортмунд ќе се обиде некој од нив да го ангажира во јануари, а наводно најголема желба е токму внукот на Џерард.