Дортмунд попушти: Санчо се сели во Јунајтед за 70 милиони евра

Екипата на Борусија Дортмунд очигледно реши да ја намали цената за Џејдон Санчи и покрај тоа што не сакаша да слушне за сума помала од 120 милиони евра, пишува „Индипендент“.

Германците, наводно, се согласиле на првичната понуда на Манчестер јунајтед, која со бонуси може да биде дури и повисока од цената што Борусија првично ја побара. „Индипендент“ тврди дека Англичаните понудиле 70 милиони евра веднаш, а остатокот преку бонуси кои Санчо, наводно, сигурно ќе ги исполни за неколку сезони, со што ќе ја достигне сумата.

Санчо, наводно, е заинтересиран за преселба во Премиер лигата, а Јунајтед стана уште поинтересен за него бидејќи обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона. Англискиот интернационалец во моментов е на одмор, а „Индепендент“ тврди дека, кога ќе се врати, би можел да биде нов играч на Јунајтед.

Санчо дојде во Дортмунд летото 2017 година од Сити за само 7.5 милиони евра, а минатата сезона постигна импресивни 20 гола и исто толку асистенции на 44 настапи.