Дортмунд освои бод против Ајнтрахт, Плеа постигна страшен гол во Фрајбург (ВИДЕО)

Денеска во германската Бундеслига беа одиграни неколку натпревари, а Борусија Дортмунд не искористи можност да му се приближи на лидерот Баерн Минхен, откако одигра 1-1 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.

Камада во деветтата минута донесе водство за екипата од Франкфурт, по што Дортмунд се обиде да стигне до израмнување. Тоа им успеа дури во 46. минута со голот на Џовани Рејна (1-1), по што „милионерите“ имаа уште многу шанси кон противничкиот гол, но не успеаа да ги искористат.

Борусија Менхенгладбах имаше водство од 1-0 против Фрајбург со голот на Емболо, но домаќинот направи целосен пресврт преку Линхарт и Грифо (2-1), по што следеше страшен гол на Плеа за конечни 2-2.

На останатите натпревари Арминија Билфилд славеше против Мајнц со 2-1, а Келн ремизираше против Волфсбург (2-2).