Дортмунд ја објави цената за најдобриот младинец – кој го сака, добро ќе мора да плати!

Англиската тинејџерска ѕвезда Џејдон Санчо, кој за само една година ја воодушеви светската јавност, веќе неколку месеци е на радарот на најголемите европски великани, кои посакуваат да го ангажираат од Борусија Дортмунд, па на „Сигма Идуна Парк“ свесни за вредноста на својот бисер веќе ја определиле солената сума за него.

Од поодамна се најавва дека Манчестер јунајтед е посебно загреан за Санчо, кој за 10 милиони евра дојде од Манчестер сити во Германија и сезонава блеска во дресот на „милионерите“. На 26 меча, тинејџерот кој има 18 години веќе запиша осум гола и 12 асистенции. И според најавите од Англија веќе Јунајтед се обидел да пристапи до Санчо, но понудата близу 100 милиони евра е неприфатлива.

Затоа од „Сигма Идуна Парк“ наводно објавиле дека за 100 милиони фунти (115 милиони евра) Санчо може да го купи секој заинтересиран, кој ќе ги плати овие пари. Под друг услов нема шанси.

Ова е удар за Јунајтед, зашто од „Олд Традорд“ биле во можност да издвојат до 80-на милиони фунти, што е близу 100 милиони евра, но не и да платат 20 милиони повеќе. Санчо веќе е репрезентативец на Англија, а лани играше во Скопје со младтаа селекција до 19 години заедно со уште еден англиски екстраталент Фил Фоден, но загубија од генерацијата предводена од Елиф Елмас со 2-0.