Дортмунд е повеќе од клуб: На дресот наместо спонзор ќе има моќна порака

Борусија Дормтунд на утрешниот натпревар против Ајнтрахт Франкфурт во рамки на Бундеслигата ќе носи специјални дресови. 

Наместо главниот спонзор „Евоник“, на дресот на германскиот гигант ќе биде испишана моќна порака против расизмот.

„Борусија обединува - заедно против расизмот“, е пораката на бундеслигашот.

Со овој потег Борусија уште еднаш покажува дека е не е типичен клуб од модерниот фудбал и дека се грижи за многу поважни прашања во светот, отколку само за пари од спонзорите.