Дортмунд: Ако Санчо сака да си оди - слободно!

Борусија Дортмунд е клуб познат по тоа што лесно ги продава своите ѕвезди, но за огромни пари. Во минатото „милионерите“ лесно се откажуваа од фудбалери за кои другите клубови нудеа огромни пари, а така ќе биде и во случајот на Џејдон Санчо.

Младиот Англичанец дојде во Дортмунд во летото 2017 година за скромни 13 милиони евра, а сега можеби ќе си замине за околу 100 милиони евра. Крилниот напаѓач е баран од Арсенал, Манчестер јунајтед, Челси, Ливерпул, а се споменува и дека Реал Мадрид исто така е заинтересиран.

Директорот на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке за германските медиуми потврди дека ако фудбалерот има желба да си оди, клубот нема да му прави проблеми.

„Дури и пред коронавирусот ние рековме дека сакаме Џејдон да остане кај нас.Но, на крајот од денот морате да ги почитувате желбите на фудбалерот. Јас отоврено ќе кажам дека дури и најбогатите клубови не можат да дојдат тука со понуда, која би земале наш играч за ефтино. Не мораме да продадеме никого за помалку од она што навистина вреди“, додаде Вацке.

Клубот моментално го проценува Санчо на 130 милиони евра. Во минатото Борусија го продаде Усман Дембеле за 100 милиони во Барселона, а направи голем профит и на играчи како Пјер-Емерик Обамејанг, Шинџи Кагава, Хенрик Миктаријан, Марио Геце, Илкај Гундоган и други.