Доријан вчера даде гол, Давид Бабунски денеска со клучна асистенција за победа (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски ја започна пролетната полусезона откако остана во унгарски Мезоковезд Жори со фантастична асистенција за победа на својот тим со 1-0 против Академија Пушкаш.

Еден ден откако неговиот помлад брат Доријан Бабунски даде гол во победата на Дебрецин, Давид само шест минути откако влезе во игра го имаше клучниот потег на мечот, прво истрча во шеснаесетник да прими една долга топка, а потоа од свртување му асистираше на Дражиќ за од непосредна близина да даде гол и да ја донесе победата.

Бабунски во Мезоковезд дојде по стартот на сезонава, но првично си замина од клубот, а две недели потоа потпиша нов две ипол годишен договор со овој клуб и на стартот најави дека ќе биде од голема помош за продолжение на сезоната.