Доказ зошто Барса има толкава предност – на Реал Мадрид му украдоа 10 пенали (ФОТО)

Каталонската гордост Барселона има убедливи десет бодови предност во однос на првакот Реал Мадрид по само 12 кола во шпанската Ла Лига и веќе на Пиринеите преовладува ставот дека „кралскиот клуб“ ја загуби титулата затоа што никој не успеал да се врати по ваква предност толку рано во сезоната.

Од Реал Мадрид не се откажуваат од шампионскиот трофеј, нормално затоа што има уште 26 меча за играње, но медиумите, посебно тие (по)блиските до европскиот првак потенцираат дека сезонава на мадриѓаните им се украдени – десет пенали. Ниту еден друг клуб не бил така оштетен, како Реал Мадрид, па ако барем половина им биле досудени, сигурно и разликата во однос на Барселона би била многу мала.

Весникот „АС“ покрај десетте недосудени пенали, потенцира дека Реал примил и два гола од чист офсајд, а двапати противникот требало да добие црвен картон и тоа не се случило.

„Здружената судиска кражба“ почна против Реал вее во второто коло, на гостувањето ка ј Валенсија, кога играчот за врска на „љиљаците“ Дани Парехо во својот шеснаесетник очигледно го повлече Карим Бензема, но судијата Фернандез Борбалан, посебно омразен кај мадридистите остана нем. Мечот заврши 2-2, а Реал загуби два бода.

Следното коло, повторно судијата е нем на голема штета на Реал. На „Сантјаго Бернабеу“ против Леванте, гостинскиот играч Чема го сопна Тео Ернандез, а судијата Ернандез не досуди ништо. Конечни 1-1 за повторно два загубени бодови.

Во петтото коло, судијата Матеу Лахоз направи дури три грешки против Реал, осшетувајќи го силно на домашен терен. Првиот недосуден пенал против Бетис е кога Хави Гарсија го згазна Марсело во шеснаесетникот. Вториот е од истиот играч, кога на гол-линијата со рака го одбрани ударот со петица на Роналдо. И тоа не беше доволно, па поранешниот фудбалер на Реал остана неказнет и за третиот прекршок пред својот гол, кога боречки гсо две раце го сруши Роналдо. Бетис победи со 1-0, а Реал загуби три бода и не доби ни еден пенал.

До 11 коло мина без судиски грешки, но потоа на гостувањето на Лас Палмас во Мадрид повторно судиите не гледаат ништо, на штета на мадриѓаните. Овојпат Санчез Мартинез е главниот кривец. Мичел го фаулира Ксемиро, но пенал нема. Лемос потоа исто така го фаулира Начо и повторно судијата Мартинез не гледа очигледен прекршотк. За разлика од другите мечеви, овојпат Реал победи со 3-0.

И конечно, последното мадридско дерби на кое имаше повеќе војна на теренот, отколу фудбал, повторно судиските грешки му наштетија на Реал. Три недосудени пенали кои одат на душа на Борбалан. Лукас Ернандез со копачка му го скрши носот на Серхио Рамос, кога овој се обиде со глава да бие на голот на Атлетико. Диего Годин со рака го сопре обидот на Роналдо во шеснаестникот, а судијата и тоа не го виде, како и моментот кога Фернандо Торес со рака го собори Начо за дефанзивезот на „кралевите“ да не може да скокне при корнер.

Тука мадридските новинари додаваат дека Атлетико морал да добие и два црвени картони. Прво Анхел Кореа кој намерно го погоди Бензема во глава додека францускиот напаѓач лежел на тревата, а потоа Савиќ, кој намерно целел на скочниот зглоб на Тони Крос и за малку не го повредил Германецот.

Исто така, Реал Мадрид прими два гола од недозволени ситуации. Првиот во осмото коло, кога Хохе Молина погоди за 1-1 за Гетафе, иако Реал победи на тој меч со 2-1. Вториот е во 10-то коло во Жирона, кога Порто погодува за водство и победа на крајот.

Ако се собере сè, Реал Мадрид загуби два бода со Валенсија, два со Леванте, три против Бетис, два против Атлетико и еден со Жирона. Вкупно 10 бода. Точно толку, колку што изнесува сега разликата помеѓу „кралевите“ и лидерот Барселона.