Доказ за апсолутната доминација на Ливерпул против Јунајтед (ФОТО)

Фудбалерите на Ливерпул доминираа од самиот старт во триумфот против Манчестер јунајтед (3-1) на „Енфилд“, а статистиката покажува колку се добри оваа сезона.

Речиси во текот на целиот натпревар се играше пред шеснаесетникот на Јунајтед, па „црвените“ имаа еден куп шанси, но Давид Де Хеа успеа некако да ги брани ударите до 73. минута.

На крајот тимот на Јирген Клоп стигна до заслужен триумф, а по мечот беше објавен интересен податок. Ливерпул во текот на дуелот имаше 36 удари кон голот на Јунајтед, а тоа е рекорд во Премиерлигата сезонава.

Досега најмногу шутеви имаше испратено Манчестер сити на мечот против Хадерсфилд.