Дојде како рекордно засилување во Тотнем, ќе си замине по една сезона

Танги Ендомбеле не се снајде најдобро во таборот на Тотнем, а особено тоа важи по доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата. 

Французинот минатото лето дојде во Лондон од Лион за тогаш клупски рекорд од 63 милиони евра, плус 10 милиони во бонуси. Фудбалерот од средниот ред во два наврати беше јавно критикуван од Мурињо за своите игри и се чини тотално го загуби местото во тимот.

ПСЖ веднаш се јави како опција за Ендомбеле, кој сака да се врати во Франција, бидејќи тешко се привикнува и на животот во Англија. Интерес за фудбалерот има и од таборот на Барселона, но во овој момент ПСЖ е најблизу до негов ангажман.