Добри вести за Милан: Роналдо го пропушта дербито во Торино

Јувентус утре го пречекува Милан во рамки на Серија А, но најдобриот фудбалер на шампионот Кристијано Роналдо би можел да го пропушти дуелот. 

Тренерот Маурицио Сари пред новинарите потврди дека Португалецот има повреда на коленото, поради која и беше заменет во вторникот за време на дуелот со Локомотив Москва во Лигата на шампиони.

Роналдо нема да игра по секоја цена, па доколку не биде целосно фит, тогаш или ќе го пресеци цел натпревар на клупа или воопшто нема да биде во составот.

Јувентус влегува како огромен фаворит во дуелот со Милан, кој сезонава игра очајно и се наоѓа на дури 12-тото место на табелата. „Бјанконерите“ и без Роналдо во тимот, сигурно ќе бидат апсолутни фаворити за трите бода.