До каде стигна Јунајтед: Солшер не може да продаде ниту еден непотребен играч!?

Откако си замина сер Алекс Фергусон од клупата на Манчестер јунајтед, „црвените ѓаволи“ почнаа да пропаѓаат, невидено трошат пари, ама очигледно и си го уништија угледот, па сега најтрофејниот англиски клуб има и проблем повеќе – не може да продаде ниту еден од своите непотребни играчи.

Алексис Санчез, кој беше најплатениот фудбалер на Островото, со половина милион евра неделна плата е најголемата утка на Јунајтед, па Оле Гунар Солшер не смета на него. Сака да го откачи, но нема начин како. Односно, никој не е ни заинтересиран да го купи, а Јунајтед барем да извади дел од инвестицијата во него.

„Има многу шпекулации и нагаѓања за нашите играчи и за доаѓања и за заминувањња, ама...Во секој преоден рок тие нагаѓања се нормална работа, само проблем е и што засега, колку што јас знам, нема ниту една понуда за нашите фудбалери. Ние сме Јунајтед, не мора да продаваме, но...“, вели Солшер.

Јунајтед изминатата сезона заврши на шестото место, не обезбеди пласман во ЛШ, а Солшер за да најде нови засилувања, ќе мора да го ослободи буџетот со продажба. Засега, на еден месец до стартот на сезоната и крајот на преодниот рок – нема никакви новости.