Директорот на Јувентус отиде во Лондон на состанок со Сари

Старо-новиот италијански шампион Јувентус, се уште е во потрага по тренер откако Масимилијано Алегри доби отказ. Се очекуваше „старата дама“ да го објави новиот тренер веднаш по завршувањето на сезоната, но тоа не се случи.

Со Јуве се поврзуваат неколку квалитетни тренери, но по се изгледа најблиску до клупата на „бјанконерите“ е Маурицио Сари. Италијанскиот тренер минатото лето го превзеде Челси, а во летниот преоден рок се очекува да си замине од Лондон и да се врати во Италија.

Медиумите на Апенините се сигурни дека Јуве и Сари постигнале договор, а според последните информации директорот на „старата дама“ Фабио Паратичи денеска отпатувал во Лондон за да разговара со раководството на Челси.