Директорите на Интер се заканиле со оставки ако си замине Лукаку

Интер беше подготвен да го продаде Ромелу Лукаку за 130 милиони евра колку што понуди Челси, но трансферот би можел да пропадне затоа што дел од директорите на клубот се заканиле со оставки.

Актуелниот италијански шампион веќе го загуби Ашраф Хакими, кој замина во ПСЖ, па дел од раководството на тимот смета дека не смеат да се дозволат повеќе трансфери на важни фудбалери.

„Газета дело Спорт“ пишува дека протестот на навивачите предизвикал реакција и кај дел од директорите, кои сметаат дека треба да се одбие понудата вредна 130 милиони евра за Белгиецот.