Директор на Јувентус откри како се појавила лудата идеја за ангажирање на Роналдо

Јувентус летово го реализираше најголемиот трансфер, откако потпиша договор со Кристијано Роналдо, кој пристигна од Реал Мадрид за речиси 105 милиони евра.

Роналдо денеска официјално беше претставен како играч на „старата дама“, а навивачите го поздравија својот нов фудбалер.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи откри како се сетиле да го купат Роналдо.

„Лудата идеја ни текна по првиот натпревар во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Кога Кристијано доби аплауз по голот со ножички, цела недела разговаравме со неговиот менаџер. Тој ни кажа дека Роналдо бил воодушевен со реакцијата на навивачите и би сакла еден ден да дојде во Јувентус“, вели Фабио.

Паратичи разговарал и со претседателот Ањели, по што решиле да го ангажираат Португалецот.

„Му кажав дека разбирам, но дека многу соништа не стануваат реалност. Тогаш повторно зборувавме за Жоао Кансело и тогаш ние ја прифативме неговата идеја. Разговарав со претседателот Ањели, зашто моравме да видиме дали имаме доволно пари. Тоа беше единствена шанса да ангажираме играч, кој е најдобар во светот“, вели директорот на Јувентус.