Динамо немоќен во продолженијата, Славија Прага ја „урна“ Севилја (ВИДЕО)

Фудбалерите на Динамо Загреб добро се држеа во текот на целиот натпревар, но сепак потклекнаа во продолежнието па Бенфика со 3-0 успеа да обезбеди четвртфинале, Славија прага во последната минута од продолжението ја „урна“ Севилја и со 4-3 обезбеди пласман понатаму.

Динамо Загреб одлично го започна натпреварот на „Естадио да Луж“, а „модрите“ можеа да добијат и пенал во првиот дел откако Бруно Петковиќ беше фаулиран, но судијата остана нем. Бенфика беше релативно мирна во првото полувреме.

Жонас донесе промена во играта ка јдомашните, а токму со голот на Бразилецот, Бенфика ја анулираше предноста и го однесе мечот во продолженија. А таму, најпрвин Феро зголеми на 2-0, а потоа Алекс Грималдо го дотолчи хрватскиот претставник.

Вистински возбудувања имаше во Чешка, каде што Славија Прага и Севиља го повторија резултатот од 2-2  во регуларниот дел одигран во Шпанија. Поведе Прага преку Михаел Нгадеу, а од пенал израмни Бен Једер. Домаќинот одново дојде во водство во второто полувреме преку Томас Сочек, но мечот во продолженија го одведе Мунир Елхадади. Мрежите не мируваа ниту во продолженијата, Франко Васкез донесе предност од 3-2 за Севиља, но Мик Ван-Бурен најпрвин израмни на 3-3,а во самата завршница херојот на домаќините Петер Олаинка ги постави конечните 4-3..