Димитриевски одбрани пенал за три бода на Рајо Валјекано (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е херој во триумфот на Рајо Валјекано против Фуенлабрада од 2-0.

Гостинската екипа имаше одлична можност да поведе со 1-0, но Димитриевски не дозволи да биде совладан со удар од белата точка.

Рајо Валјекано во 72. минута погоди за 1-0, по што следеше уште една одлична интервенција на македонскиот голман, кој ја зачува својата мрежа. Веднаш потоа Антонин погоди за 2-0 и три бода на неговиот тим.