Продолжува серијата без пораз на Димитриевски и Рајо, Леванте им се врати на победите (ВИДЕО)

Рајо Валјекано останува во зоната за испаѓање откако ремизираше 2-2 на домашен терен со Реал Сосиедад. 

Тимот на Столе Димитриевски водеше со 2-0, до 28-та минута, но потклекна под притисокот на баскијците. Хектор Морено погоди за 2-1 уште во првото полувреме, додека ремито за гостите го обезбеди Вилијам Жозе во 82-та минута.

Енис Барди одигра 76 минути во победата од 2-0 против Ваљадолид. Тимот од Валенсија се врати на победничките патеки по пет натпревари пауза. Коке и Роџер беа стрелци на головите за победа.