Димитриевски и Рајо немаа среќа, Хетафе ги грабна трите бода (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски денеска прими два гола во поразот на својата екипа Рајо Валјекано од Гетафе (1-2) во 25. коло од шпанската Ла Лига.

Џејми Мата донесе водство за Хетафе во 28. минута, а Рајо се врати во игра во 58. минута, откако Раул де Томас успеа да израмни на 1-1.

Сепак, десет минути подоцна Димитриевски повторно беше немоќен против Хетафе, кога Хорхе Молина ги постави конечните 2-1.

Рајо во моментов се наоѓа на 19. позиција во Ла Лига со 23 освоени бодови, односно еден помалку од сигурната зона.