Димитриевски доби нов шеф во Рајо – Пако Хемез

Македонската „единица“ Столе Димитриевски доби нов шеф во мадридски Рајо Валјекано, откако денеска овој клуб го промовираше својот бивш кормилар Пако Хемез за нов тренер, кој го наследува досегашниот тренер Мичел.

Мичел доби отказ од Рајо по серијата лоши резултати, па сега Пако ќе треба да го крене тимот и да се обиде да опстане во Ла Лига. Станува збор за тренер кој го водеше Рајо во периодот од 2012 до 2016 година и тој денеска потпишал договор до јуни 2020 со овој клуб.

Пако после работата во Рајо имаше едногодишна авантура во Мексико во Круз Азул, а минатата сезона беше тренер во Лас Палмас.

Останува да се види дали сега Димитриевски и кај новиот тренер ќе го ужива првотимскиот статус.