Димитриевски: Да сум навивач и јас би протестирал!

Македонската репрезентативна „единица“ Столе Димитриевски застана зад протестите на навивачите на Рајо Валјекано, кои негодуваат на развлеченото коло во Ла Лига, да се игра од петок до понеделник, нешто за кое одамна се бунтуваат германските навивачи, па Бундеслигата веќе објави дека ќе го укине понеделничкиот меч во секоја рунда.

Димитриевски брзо стана миленик на навивачите на Рајо, после нешто повеќе од еден месец стана прв избор за голман, има извонредни настапи досега во Ла Лига.

„Не сакам ни јас, ни тимот да играме во петок или понеделник. Нормално е да играме во сабота или во недела, кога сите може да дојдат на трибините. Јас сум среќен што дури и во петок и во понеделник стадионот е речиси полн. Нашите навивачи се едни од најдобрите во Шпанија, никогаш не паднале на 'тестот', но нормално е и ги разбирам нивните реакции. И јас да сум на нивно место ќе протестирам. Не гледам ништо лошо во тоа што негодуваат за календарот“, вели Димитриевски.