Димитриевски: „Бернабеу“ е специјално место, тука Пандев стана европски првак!

Македонската репрезентативна „единица“ Столе Димитриевски, кој летово се пресели во Мадрид во Рајо Валјекано утре од 18.30 часот ќе гостува на еден од најголемите светски фудбалски храмови - „Сантјаго Бербанеу“. Димитриевски и Рајо ги очекува силен предизвик да се соочат со најтрофејниот светски клуб Реал Мадрид.

Димитриевски, кој во последно време стана стандарден голман на Рајо утре ќе има шанса да брани на стадионот, на кој трчале еден куп светски суперѕвезди, а за Димитриевски – мадридскиот храм е нешто посебно. Сон за секој фудбалер, а посебно место зашто еден Македонец тука се крунисал за европски првак – Горан Пандев.

„'Бернабеу' е посебно место, еден од најголемите светски стадиони и за Македонец како мене тоа е специјално место зашто Горан Пандев, мојот колега од репрезентацијата тука стана европски првак со Интер. Да се игра на овој стадион е голема чест, нешто што е сон за секој фудбалер. Не сум го посетил 'Бернабеу', ама ќе имам шанса да го видам одвнатре“, вели Димитриевски во интервју за „Марка“.

Македонскиот голман откри дека постојано во Мадрид патува со метро, кое годинава слави стогодишнина и дека Мадрид ептен го сака.

„Многу послесно е да стигнеш до центар со метро. Се работи перфектно во Мадрид, јас метрото многу често го користам. Многу ми се допаѓа градот и тој е посебен зашто има сè – фудбал, кошарка, добри шоуа... Дури и Либертадорес. И јас си имам метро-картичка, ја купив уште пред година ипол и ја чував“, вели Димитриевски за животот во шпанската престолнина.

Сега како член на Рајо се надева дека ќе го запаметат на „Бернабеу“ и пкрај тоа што Реал е апсолутен фаворит.

„Рајо ми пружи сè, ми даде шанса да бранам во најдобрата лига на светот, на светски и имрепсивни стадиони, како овој во Мадрид, кој е дом на 13-кратен европски првак. Јас ќе уживам на мечот. Реал е Реал, ќе биде многу тешко. За изненадување треба тие да го имаат најлошиот ден, а ние најдобриот“, додава Димитриевски.