Диктаторот Ким Јонг-Ун е страствен навивач на еден англиски гигант (ФОТО)

Првиот човек на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун е голем љубител на фудбалот, но посебно при срце му е еден премиерлигаш за кого навива уште од студентските денови.

Англиските медиуми открија дека диктаторот навива за Манчестер јунајтед и ретко пропушта натпревар на овој клуб во Премиерлигата. Оваа информација ја соопштил италијанскиот сенатор Антонио Раци во интервју за „Сан“. Тој тврди дека е близок со Ким Јонг-Ун и дека често разговараат за фудбал.

Според италијанскиот сенатор, северно-корејскиот диктатор верува дека за кратко време неговите сонародници ќе успеат да играат во Премиерлигата. Еден Севернокореец настапува во италијанската Серија Б во екипата на Перуџа и важи за најдобриот фудбалер во својата земја.

Ким Јонг-Ун почнал да гледа фудбал и да станува страствен навивач на Јунајтед во текот на своите студенски денови додека студирал во Швајцарија.