Диего Коста доби затворска казна од шест месеци

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Диего Коста денеска е осуден на шест месеци затвор поради затајување данок во Шпанија.

Властите покренаа постапка против Бразилецот со шпански пасош, бидејќи не платил данок на 5,5 милиони евра добивка од неговите маркетиншки права. Коста ја призна вината и уплати 1,1 милион евра, кои ги должеже на име на данок на државата.

Судот го осуди на шест месеци затвор, но според законите во Шпанија сите казни до 18 месеци не се служат во затвор. Тоа е еден вид условна казна, а фудбалерот ќе мора да плаќа 100 евра за секој ден во следните шест месеци. Тоа на крајот изнесува казна од 36 илјади евра.