Дибала сепак си заминува, следна дестинација е Франција

Како што пренесуваат италијанските медиуми, фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала, би требало во вторник да направи средба со претставниците на ПСЖ.

Аргентинецот во текот на летниот трансфер рок го поврзуваа со неколку гиганти, меѓу кои и Манчестер Јунајтед. Сепак, тој не успеа да ги договори личните услови со тимот од „Олд Трафорд“.

Потоа постоеше опција да го засили тимот на Тотенхем, но во последен момент одлучи да остане во редовите на „Старата дама“.

Иако до крајот на трансфер рокот преостануваат уште две недели, Дибала  задутре ќе одржи средба со претставниците на парижани, кои наскоро би можеле да останат без Бразилецот Нејмар. Од друга страна се наведува дека заработените пари од Дибала, Јуветус ќе ги искористи за трансфер на Мауро Икарди.