Ди Марија: ПСЖ ја одби понудата на Барса за мене

Фудбалерот на ПСЖ, Анхел Ди Марија, откри дека имал можност да се пресели во редовите на каталонскиот гигант Барселона во 2017 година, но на крајот останал во составот на парижани.

Сепак, негативниот одговор од ПСЖ за преселба на „Ноу Камп“ крајно го изнервирал Ди Марија. Офанзивниот играч беше дел од Реал Мадрид четири години од 2010 до 2014 година пред да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Отсекогаш сум бил среќен во ПСЖ. Барселона се обидуваше да ме привлече. Клубовите преговараа, но ПСЖ одби. Оваа ситуација ме вознемири многу, но мило ми е што не заминав затоа што сум среќен во Париз. Сакам да ја завршам кариерата во ПСЖ, изјави Ди Марија за „Екип“.