Детето си заминува како легенда: Торес се прости од Атлетико со два гола (ВИДЕО)

Фернандо Торес имаше простување од својот Атлетико Мадрид на фантастичен начин, како што секој голгетер би посакал - со два погодоци.

Неговиот тим ремизираше со Еибар (2-2), на „Ванда Метрополитано“, но сепак имаше и славје и солзи за популарниот „Ел Нињо“. Дебитираше во тимот како детенце, а се простува како легенда.

Дебитираше за Атлетико Мадрид во 2001 година, а по шест години направи трансфер во Ливерпул, каде се задржа до 2011 година. Премина во редовите на Челси, каде играше до 2015, а потоа по една кратка одисеја во Милан во 2016 година се врати во својот Атлетико Мадрид.

Засега не се знае каде „Ел Нињо“ ќе ја продолжи кариерата, но најверојатно ќе прифати некоја од понудите од МЛС-лигата.