Детето кое му даде гол на трикратниот првак на Ј. Америка прави голем трансфер!?

Младиот парагвајски фудбалер Фернандо Овелар ја воодушеви јавноста со погодокот за својот Серо Портењо во дербито против Олимпија.

Овелар има само 14 години, а веќе стана дел од првиот тим на еден од најголемите парагвајски клубови, па неговиот гол во дебито привлече голем интерес.

Англиските медиуми пишуват дека парагвајското чудо од дете добило повик од Манчестер сити.

Неговиот клуб не сака веднаш да го продаде талентираниот фудбалер, но тешко дека ќе може да одбијат богата понуда од англискиот гигант, која најверојатно ќе пристигне во јануари.