Депај е спремен да се врати во Јунајтед!?

Мемфис Депај неславно го мина првиот престој во Манчестер Јунајтед, но Холанѓанецот има голема желба одново да се врати во Премиерлигата, а заинтересираност постои и кај „црвените ѓаволи“.

Крилниот напаѓач се прероди откако го напушти Јунајтед, во актуелната сезона блеска за Олимпик Лион, има постигнато осум погоди и е еден од „клучните“ алки во францускиот состав.

Кога е во прашање крилната позиција, Јунајтед е заинтересиран и за Џордан Санчо, но Депај е дефинитивно поисплатлива опција, бидејки за Англичанецот цената од ден во ден се повеќе расте.