Денеска имало нов контакт меѓу агент на Модриќ и Флорентино Перез

На еден ден до истекот на преодниот рок во Италија, се актуализира случајот „Лука Модриќ во Интер“. Денеска еден од агентите на фудбалерот комуницирал директно со Перез.

По неуспешната епизода во Талин, во Суеркупот на УЕФА, Реал експресно се врати во Мадрид, меѓутоа се вратија и шпекулациите за заминување на Лука Модриќ во Интер.

Италијанските медиуми и шпанска „Марка“ велат дека уште ништо не било готово, иако рокот за купување играчи во Италија трае до петок навечер. Познатиот „Калчомеркато“ вечерва информира дека имало нова, директна средба меѓу агент на Модриќ и самиот Флорентино Перез.

Агентот Владо Лемиќ контактирал со претседателот на Реал, повторно со барање Модриќ да го напушти клубот, меѓутоа добил категоричен одговор дека Модриќ не смее да си замине. Агентите уште не се предавале, но трансферот на Модриќ станува се потежок, па многу е веројатно дека ќе остане во Реал.

Останува да се потврди најавата дека Перез сака да го задржи со тоа што ќе му понуди нов договор, со побогата плата, тешка 11 милиони евра по сезона.