Демократија во фудбалот: Навивачите во анкета ќе решаваат дали голманот да остане!

Шкотски Ливингстон направи досега невиден потег за фудбалската индустија, па реши на демократски начин да ја реши судбината на својот голман Гери Малеј.

Иако во фудбалот за (не)останувањето на одреден фудбалер решаваат добрите настапи, ама и евентуалната добра понуда, овојпат Ливнигстон преку социјалната мрежа Твитер бара навивачите да гласаат дали да се задржи чуварот на мрежата или тој да биде откачен.

Гласањето веќе започна, а досега 17.000 навивачи се изјасниле на „демократското гласање“, на кое дури 70 отсто се за останување на голманот Малеј.

„Ова е можеби премиера во фудбалот, ама ние дадовме можност навивачите да се изјаснат за иднината на нашиот чивар на мрежата“, објаснија од Ливингстон.

Интересно, тој е трет голман на тимот, дојде во 2016 година, а гласањето трае до утре. Според резултатите станува извесно дека ќе остане дел од клубот.