Дембеле ја урна Троа: Лион конечно победи по пауза од пет меча!

Лион по пауза од пет натпревари конечно победи во француската Лига 1, и тоа со 1-0 против Троа.

Ерик Палмер-Браун во 30. минута играше со рака во казнениот простор на Троа, по што судијата провери ВАР-снимка и досуди удар од белата точка за Лион, а него без проблеми го реализираше Дембеле.

Лион има 28 бода и се наоѓа на 10. позиција во Лига 1, додека Троа е на 17. место со 17 бодови.