Дембеле го замолкна Сент Етијен во 95.минута (ВИДЕО)

Можеби најголемото дерби во францускиот фудбал помеѓу Сент Етијен и Лион заврши со победа на гостите од 2-1 со гол во 95.минута. 

Натпреварот беше фантастичен и победата многу лесно можеше да им припадне и на домашните, но гостите имаа повеќе умешност и нерви во финишот. 

Роман Хамума ги доведе „зелените“ во водство 21-та минута. Набил Фекир донесе израмнување за гостите од пенал во 64-тата минута. Во судиското продолжение, Сент Етијен имаше шанса да погоди за победа, но не реализираше. Муса Дембеле затоа пак на спротивната страна погоди со глава по фантастичниот центаршут на Лео Дубуа од десната страна.

Лион сега го прескокна Сент Етијен на табелата и со 37 бодови изби на третото место, додека „зелените“ сега имаат бод помалку на четвртото место.