Деле Али посакал никогаш да не работи со Мурињо, но сега ќе мора да се – извинува!

Една од најголемите ѕвезди на лондонски Тотнем, Деле Али, репрезентативецот на Англија ќе мора добро да му објасни на својот нов тренер Жозе Мурињо за нападите што ги упати преку Твитер пред седум години, кога напиша дека Португалецот е премногу арогантен.

Деле Али во 2012 година посака никогаш да не соработува со Мурињо, ама како бумеранг му се врати тоа, па од вчера баш најконтроверзниот тренер на светот го има за свој шеф.

„Сигурно не сум единствен кој мисли дека Мурињо е преценет и премногу арогантен. Тоа само те прави да изгледаш како лош тренер и драго ми е што никогаш не мора да работам со него“, напиша Англичанецот на 10 март 2012 година.

Пред седум години овој фудбалер беше дел од МК Донс и не играше за Тотнем, а патем имал тогаш 16 години. Веројатно, Мурињо за ваквите зборови на еден тогаш неполнолетен тинејџер ќе му прости, ама и Деле Али ќе се извини за таквите зборови.