Дејвис се договорил со гигант, но трансферот го кочи - неговиот менаџер!

Фантастичниот лев бек Алфонсо Дејвис наводно ги договорил сите услови со шпанскиот гигант Реал Мадрид, но трансферот е „закочен“ поради неговиот менаџер, Недал Хусех.

Новинарот Кристијан Фалк објави дека Дејвис добил понуда и за продолжување на соработката со Баерн Минхен, но менаџерот ја одбил таа идеја и го фаворизира Манчестер јунајтед.

Менаџерот наводно сака да го натера Дејвис да потпише за „црвените ѓаволи“, кои нудат повеќе пари за разлика од Реал кој е познат дека не сака да се натпреварува со останатите гиганти во однос на платата.