Дефанзивец на Челси реши да се врати во Португалија!?

Давид Луиз и Челси речиси сигурно нема да се договорат за продолжување на соработката, па поради тоа медиумите пишуваат дека Бразилецот ќе се врати во Португалија.

Луиз има намера како слободен фудбалер да ја напушти Премиерлигата и по осум години да се врати во Бенфика. Тој во 2011 година за 25 милиони евра се пресели во Челси, па потоа беше продаден во ПСЖ за 60 милиони и на крајот се врати на „Стемфорд бриџ“.

Сепак, се очекува по завршувањето на неговиот договор да се пресели во Бенфика, која сака да направи моќен тим наредната година.