Децата го одведоа Арсенал во 5.коло во ФА Купот (ВИДЕО)

Арсенал славеше со 2-1 на гостувањето кај Бормут во рамки на 4.коло во ФА Купот. 

„Топчиите“ победата ја обезбедија во првото полувреме, кога два гола постигнаа младите Букајо Сака и Едвард Нкита. Домаќините само го ублажија поразот и тоа во четвртата минута од судиското продолжение преку Сем Сариџ.

Арсенал во 5.коло од ФА Купот ќе игра против Портсмут.