Деби од сонишатата за Халанд: За само 20 минути постигна хет-трик и му донесе победа на Дортмунд (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд имаше феноменално деби во дресот на Борусија од Дортмунд, постигнувајќи хет-трик за само 20 минути со кои им донесе победа на „милионерите“ на гости кај Аугзбург со 5-2.

Халанд влезе во игра во 56 минута, а потоа се се промени. Во тие моменти Дотрмунд губеше со 3-1, а на Норвежанецот му беа потребни само три минути за да се запише во листата на стрелци. Во 70. минута повторно го најде патот до мрежата на домаќините, а девет минути подоцна ги постави и конечните 3-5.

Со оваа победа Дортмунд го одржува чекорот кога е во прашање шампионската титула во Бундес лигата, и сега заостанува четири бода зад лидерот Лајпциг кој има и натпревар помалку.

На преостанатите натпревари, Вердер славеше на гости кај Дизелдорф (0-1), Келн пред своја публика го доби Волфсбург (3-1), а гостински победи запишаа и Ајнтрахт Ф. против Хофенхајм (1-2), како и Фрајбурх над Мајнц (1-2).